Утрово околу 04.00 часот во ноќен клуб во Струга од страна на Д.С.(25) и Ѓ.С.(24) двајцата од населба „Езерски лозја“- Струга, и уште две, засега непознати лица бил нарушен јавниот ред и мир.
Тие не сакале да ја платат сметката за донесена нарачка, по што започнале расправија со келнерите и со обезбедувањето, а потоа и со сопственикот на објектот, по што и физички го нападнале, а почнале да го кршат и инвентарот.
Од исфрлените предмети од нивна страна со тешки телесни повреди се здобила 22-годишна жителка на Струга, која била пренесена во медицинскиот центар во Струга и по укажаната лекарска помош е задржана на понатамошно лекување.
Увид на самото место извршила увидна екипа на ПС-Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст