| четврток, 6 декември 2018 |

Забранет лек против болки поради измама на потрошувачите

Австралиски Федерален суд забрани употреба на британски лек против болки, поради „измама на потрошувачите“.

nurofen-lek-640x359

Станува збор за палета од четири лекови „нурофен“, секој од нив за посебен вид болка (мигрена, главоболка, менструални билки и болки во грбот), за кои е утврдено дека не содржат ништо специфично за секоја од овие болки бидејќи сите биле идентични. Разликата била само во цената на сите овие лекови.

Основниот „нурофен“ во Австралија се продава по речиси двојно пониска цена од таа за секој од четирите лекови, кои требало да дејствува против секоја од наведените болки.

Според судската пресуда, лекот на кој е наведено дека е наменет за мигренозни болки, не е специјален против мигрена, затоа шт ја има истата содржина од супстанцата „ибупрофен-кизин“ колку што ја има и лекот за глабоболка, а и другите два „специјализирани“ лекови.

На почетокот од годинава, австралиската Комисија за контрола на квалитетот поднесе тужба против британската компанија „Рекит бенкисер“, откако беше откриено дека иако четири видови „Нурофен“ се продаваат за различен вид болка, сите имаат по 342 милиграми од основната супстанција од која е направен лекот.

Британската компанија најави жалба, но Судот нареди сите нејзини производи од оваа палета лекови да се повлечат од аптеките и другите продавници.

„Рекит бенкисер“ соопшти дека судската одлука се однесува само за Австралија и таа не ги погодува и другите пазари, вклучувајќи го и пазарот во Велика Британија.

Оваа компанија на пазарот нуди повеќе производи, меѓу кои и препаратите „детол“ и „харпик“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top