Цената на бензините останува непроменета, а дизелот поевтинува за два денара за еден литар, реши денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Во согласност со одлуката, ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 62,50 денари за литар, а евросупер БС-98 за 64,50 денари за литар. Малопродажната цена на дизелот сега ќе изнесува 46,50 денари.
За два денара се намалува и малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство, кое сега ќе се продава по цена од 35,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,514 денари за еден килограм во однос на претходно утврдената и во согласност со одлуката на РКЕ новата цена ќе изнесува 17,743 денари за еден килограм.
Намалувањето на цената на нафтените деривати се должи на пониската цена на суровата нафта во изминатиот 14-дневен период и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст