| четврток, 6 декември 2018 |

Србија денеска ги отвора преговорите

eu-serbiaСрбија денеска на меѓувладината конференција во Брисел ќе ги отвори првите две поглавја во преговорите со Европската унија, со што ќе почне нова фаза во процесот на европските интеграции.

Српската делегација на втората меѓувладина конференција, на која ќе бидат отворени Поглавјето 32, кое се однесува на финансиската контрола и Поглавјето 35, посветено на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, ќе ја предводи премиерот Александар Вучиќ.

Портпаролот на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Маја Коцијанчич изјави за Танјуг дека прво се очекуваат воведни обраќања на учесниците, по што претставиците на ЕУ ќе ги изнесат своите ставови, потоа Србија ќе го изнесе својот став, по што следуваат заклучни зборови.

Вучиќ очекува дека Поглавјето 32 брзо ќе се затвори, додека како што посочи Поглавјето 35 ќе биде мошне тешко и ќе остане отворено до крајот на процесот на пристапување на Србија во ЕУ.

Првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Србија, како официјален почеток на преговарачкиот процес е одржана пред речиси две години, на 21 јануари 2014 година во зградата на Европскиот совет во Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top