Во вторник, на 15 декември 2015 година, завршува годинашното издание на манифестацијата „Кавадаречка културна есен“. Со голем концерт на „Стево Волчев трио и пријателите“ од 19 часот во салата на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, завршува манифестацијата која од почетокот на октомври до денес вклучи 60 настани од областа на ликовната уметност (изложби, перформанси), литературата (книжевни вечери, промоции, поетски читања), драмската дејност (Премиери и гостувачки театарски претстави), музиката од сите жанрови (концерти на класика, џез, староградска), фотографијата (изложби) и др.
Завршниот настан на „Кавадаречка културна есен 2015“ – Концертот на „Стево Волчев трио и пријателите“ освен членовите на триото (Стево Волчев – хармоника/пијано, Пешо Бошков – кларинет и Горан Јанев – кавал) ќе донесе настап и на познати кавадаречки солисти, музичари и групи, секако придружувани од триото: Наташа Малинкова, Пеачката група на Здружението на пензионери од Кавадарци, Ангел Тотов, Маријана Пешиќ, Радица Костадинова, Хорот при Основното музичко и балетско училиште „Лазо Мицев Рале“ Кавадарци, Силвана Чулева Атанасова и др.
Настаните во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци продолжуваат во Новогодишно и Божиќно темпо, па така, меѓу другото, кавадаречката публика ја очекуваат Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК), Новогодишниот концерт на Студиото за модерен балет „Венус“, Новогодишниот концерт на ОМБУ „Лазо Мицев Рале“, Новогодишната претстава за најмладите во изведба на Театарот при Домот на културата од Кавадарци, Новогодишниот концерт на хорот и оркестарот на Гимназијата „Добри Даскалов“, за празничните настани бидат заокружени со коледарската манифестација „Дедо цепе бурина“ и традиционалниот Божиќен концерт.
Додека во меѓувреме, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов Климе“ продолжува со изведбата на хит претставата “Женидба“ во режија на Драган Велјановски, која брои десет изведби, па така веќе на 18 декември кавадаречките актери гостуваат во Делчево. По мала пауза за новогодишните и божиќните празници, претставата „Женидба “ се враќа на матичната сцена во Кавадарци, за да во втората половина на јануари реализира гостување во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст