Вчерашната ждрепка за групната фаза од ЕП 2016 во Париз ги одреди Франција, Швајцарија и Романија како ривали во групата А на дебитантот Албанија.
Особено интересен се очекува да биде дуелот меѓу Швајцарија и Албанија, уште повеќе ако се знае дека ова ќе биде братска пресметка меѓу Гранит и Таулант Џака.
Гранит Џака е еден од најдобрите швајцарски репрезентативци и во последните години со голем успех настапува за националниот тим, како и за екипата на Борусија Менхенгладбах. Од друга страна, неговиот постар брат Таулант никогаш не доби повик да заигра за Швајцарија, па затоа без размислување ја прифати поканата да го облече дресот на албанската репрезентација.
Ако на ова се додадат и Шакири, Мемеди, Бехрами и Џемаили, сите Швајцарци со албанско потекло, јасно е дека овој меч ќе има посебен „шарм“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.