Доколку Пјонгјанг лансира ракети со среден дострел, ќе се соочи со санкции.
Ваква порака упатија лидерите на осумте најразвиени земји во светот од самитот во Лондон, каде што се разговараше и за ситуацијата со Сирија.
Министрите за надворешни работи на Г8 заклучија дека Северна Кореја прекршува четири резолуции на Советот за безбедност на ОН, со развивањето на нуклеарната програма и балистичките ракети.
Москва застана зад оваа одлука за Пјонгјанг, но не и зад осудата на режимот во Сирија, каде што, според останатите земји од Г8, загрижува досегашниот број на жртвите – околу 70.000.
Единствено е побарано сите да се ангажираат за обезбедување хуманитарна помош, а од страните во конфликтот да ги почитуваат човековите права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.