Роковите за легализација на дивоградбите со измената на Законот, пред неколку дена во Парламентот, се продолжени. Секој кој пропуштил во периодот за легализација во 2013. да достави барање, сега може тоа да го направи до 31 март 2016 година, истакна денеска премиерот Никола Груевски.
Посочи дека се продолжуваат роковите до 31 март 2016 година за оние кои пропуштиле од различни причини да достават барање.
– Оние, пак, кои пропуштиле да достават елаборати, значи доставиле барање, но не доставиле елаборати, може да го направат тоа до 31 декември 2016 година, а оние кои пропуштиле тогаш барање да достават, а сега ќе го достават до 31 март, елаборатите ќе можат да ги достават до 31 декември 2017 година, посочи Груевски по пуштањето во употреба на единечен тениски терен во ОУ „Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево.
Така што, нагласи премиерот, тоа е едно сериозно продолжување на роковите, уште една шанса за граѓаните кои во тој период не поднеле барање за легализација на дивоградбите или пак не поднеле елаборат, да го направат тоа.
– Но, ова не значи дека за новите што почнале да градат дивоградби после Законот за легализација, се дозволува повторно легализирање. Ова продолжување е за оние кои тогаш кога се носеше Законот за легализација на дивоградби од различни причини не стигнале да поднесат барање или не стигнале да го поднесат елаборатот и тоа се новите рокови и тоа е излегување во пресрет на таа група на граѓани, додаде премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии