| четврток, 6 декември 2018 |

Русија тестира дрон што развива брзина до 800 километри на час

Во Русија е тестиран дрон што лета со брзина до 800 километри на час, соопшти извор од руската воена индустрија, а пренесоа руските медиуми.

– Во тек е тестирање на дрон што може да изведува како шпионски, така и ударни задачи. Неговата брзина изнесува до 800 километри на час. Тестирањето се ближи кон својот крај, наведе неименуваниот извор.

„Овој летачки апарат може да носи 250 килограми“, додаде изворот.

На крајот од колегиумот на воениот ресор што се одржа вчера, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека искуството од изведувањето на борбените задачи во Сирија покажало дека дроновите се незаменливи во текот на борбените акции.

-Ако во 2011 година во руските Вооружени сили имаше само 180 вакви системи, сега имаме 1.729 современи борбени летала, наведе Шојгу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top