Единечен тениски терен беше пуштен во употреба денеска во кругот на ОУ„Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево. Игралиштето е изградено по најсовремени стандарди за вакви тениски игралишта и располага со осветлување, пристапни патеки, целосна инфраструктурна приклученост и најсовреман подлога по сите стандарди на Светската тениска асоцијација.
На пуштањето во употреба на теренот присуствуваа премиерот Никола Груевски, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасовски.
– Нашата работа е во сите полиња од значење за граѓаните, а меѓу најприоритетние ни се образованието и спортот. Во оваа насока денес сме тука да го означиме и успешното завршување на уште еден проект, а тоа е изградбата на новото тениско игралиште во училиштето „Кузман Шапкарев“, рече премиерот Груевски во обраќањето пред присутните.
Посочи дека новото тениското игралиште ќе биде ставено на располагање на учениците на ОУ „Кузман Шапкарев“, како и на сите граѓани за спортување, рекреирање и натпреварување. Тука, нагласи, ќе може да го засакаат тенисот, ќе може да тренираат и можеби еден ден токму од Драчево ќе произлезе некој врвен светски тенисер на кој ќе се гордее цела Македонија.
– Изградбата на ова игралиште е еден од повеќето проекти кои ги реализираме во делот на образованието и спортот во Драчево. Изминатиот период се изгради новото училиште „Рајко Жинзифов“, се изгради новото повеќенаменско спортско игралиште во село Драчево, истакна Груевски.
Изминатиот пат кога бев тука, рече Груевски, граѓаните побараа уште едно повеќенаменско спортско игралиште тука во кругот на ОУ „Кузман Шапкарев“.
Појасни дека таквото барање е одобрено, процедурите се завршени и очекуваат околу нова година да започне и изградбата на новото повеќенаменско спортско игралиште веднаш до новото тениско игралиште кое денеска го отвораат.
– Околу нова година очекуваме да започне и реконструкцијата на Домот на културата во Драчево. Ова е уште едно од барањата на граѓаните и уште еден од проектите кои ги ветивме во изминатиот период. За овој проект веќе издвоивме средства, договорот е веќе потпишан и во следните неколку недели очкеуваме реконструкцијата да започне, посочи Груевски.
Тој рече дека покрај изградбата на новото спортско игралиште и реконструкцијата на Домот на културата едно од барањата на жителите на Драчево била и изградба на градинка во таа населба.
Ова барање, нагласи премиерот, е исто така одобрено од наша страна.
– Потпишавме договор за соработка со општината за овој проект, но бидејќи сега има нов технички минситер за труд и социјална политика овој проект ќе почека да поминат изборите и се надевам дека во втората половина на 2016 година и овој проект ќе започне со реализација, истакна Груевски.
Потенцира дека во поширокиот дел на Кисела Вода помогнале за опремување на двете новоизградени градинки во Црниче и Припор, а ќе помогнат и за опремување и за новата градинка која во моментов се гради во Пинтија.
– Го изградивме повеќенаменското спортско игралиште во Црниче, како и двете спортски сали во основните училишта „Невена Георгиева Дуња“ и „Круме Кепески“. Новото училиште „Невена Георгиева Дуња“ се гради со одлична динамика, рече Груевски.
Во наредниот период, истакна, планирана е изградба на повеќенаменско спортско игралиште во Пинтија, уште едно тениско игралиште во Кисела Вода, спортска сла а во државното училпште „Димитар Влахов“, спортска сала во ОУ „Кузман Јосифовски Питу“, како и спортска сала во ОУ „Златан Сремац“.
– Во делот на културата веќе е во тек реконструкција на старото кино во Кисела Вода кое после реконструкцијата ќе прерасне во Дом на културата. Владата на РМ ќе продолжи со сета поддршка која ја дава за Драчево и за цела општина Кисела Вода. Ќе продолжиме со сите проекти кои се од интерес на граѓаните, како и со реализација на сите владини проекти кои се од општо добро за целокупниот регион, посочи Груевски.
Градоначалничката Беличанец Алексиќ рече дека денешниот настан е потврда на силните заложби на општина Кисела Вода, а пред се на Владата во соработка со Агенцијата за млади и спорт, за развојот на спортот и спортскиот дух кај младите лица.
– Збогатувајќи ја содржина на училишнот спорт на ОУ „Кузман Шапкарев“, првото тениско игралиште во населбата Драчево ќе им овозможи на љубителите на тенисот да се рекреираат, да спортуваат, и да ги развиваат своите спортски вештини, да го подобрат своето здравје и подобро да си го организираат слободното време. И сето тоа во близина на својот дом, рече Беличанец Алексиќ.
Потенцира дека континуираните вложувања во изградба на спортската инфраструктура во општина Кисела Вода го прават спортот подостапен за сите жители од овој дел на градот. Додаде дека на ваков начин инвестираат во идните генерации, во изнаоѓање на спортските таленти, инвестираат во спортската иднина на нашата земја.
Премиерот Никола Груевски и градоначалничката Беличанец Алексиќ заедно со вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, претходно присуствува на отпочнувањето на градежните работи на третата фаза од проширувањето и продолжувањето на булеварот „Борис Трајковски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст