| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја подготвена за лансирање нуклеарни ракети?

Северна Кореја веќе е во состојба да ги полни своите ракети со нуклеарен експлозив, се вели во извештај на тајните служби на САД чии детали случајно беа обелоденети за време на сослушување во комисијата за воени сили на Преставничкиот дом.

По овие информации, кои во САД предизвикаа немир, претседателот Барак Обама упати јасно предупредување до Северна Кореја дека мора да прекине со воената реторика и да се држи до правилата на меѓународната заедница.

– Време е да се спушти температурата. Никој не сака војна на Корејскиот Полуостров – порача Обама.

Обама изјавата ја даде по разговорите со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун во Белата куќа. Двајцата политичари се единствени во ставот за, ако е можно, дипломатско решение на конфликтот. Сепак, ако е неопходно, рече Обама, земјата ќе се брани и воено: „САД ќе ги преземат сите неопходни чекори за заштита на населението и за исполнување на обврските кон нашите сојузници во регионот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top