Потенцијалниот кандидат на Демократската партија на претседателските избори во САД Хилари Клинтон изјави денеска дека нејзините ривали само зборуваат на празно во однос на борбата против „Исламска држава“ и дека таа е единствениот претседателски кандидат со конкретен план против џихадистите.
– Другите само многу зборуваат и се расфрлаат со разни идеи. Но, јас бев во собата за вонредни ситуации на Белата куќа и знам што ќе биде потребно да се преземе за Америка да биде безбедна, истакна Клинтон, која е поранешен американски државен секретар.
Републиканските кандидати остро го критикуваат претседателот на САД Барак Обама дека неговата реакција на расттот на ИД е премногу слаба и се обидуваат да ја поврзат сегашната политика на Белата куќа со политиката за време на Клинтон на функцијата државен секретар.
Хилари Клинтон најави дека ќе претстави обемен план за уништување на ИД од воздух, на копно и на интернет, а тој план би требало да биде објавен идната недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.