| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот на Војводина не отстапува од спорната декларација за заштита на правата на покраината

Владата во Војводина нема да отстапи од Декларацијата за заштита на уставните и законските права на покраината, изјави претседателот на покраинската влада на Војводина, Бојан Пајтиќ.

Премиерот повтори дека во предлог-декларацијата, која наиде на жесток отпор од многу партии и здруженија поради што организираа протестен митинг за денеска, немало никаков сепаратизам.

– Сакаме да кажеме дека во документот нема ниту „с“ од сепаратизам, туку тоа е само акт што повикува на почитување на Уставот и на законите – рекол Пајтиќ.

Тој тврди дека во овој момент граѓаните на Војводина добиваат петпати помалку средства од гарантираните со Устав и ја обвини републичката влада дека донесува одлуки за отстапување имот на Војводина на некои локални самоуправи „кои им се допаѓаат поради структурата на општинското мнозинството“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top