| четврток, 6 декември 2018 |

Каде завршуваат сите фотографии објавени на „Фејсбук“?

Сите фотографии кои се објавуваат на „Фејсбук“ се сместени во огромно складиште во Шведска објави „Теч инсајдер“ кој направи интересно видео во кое е објаснето што всушност се случува.

Според „Теч инсајдер“ дури и ако се избришат, тие ќе останат запамтени. Просторот е голем околи 98 илјади квадратни метри и содржи 10 илјади сервери.

– Преку милијарди корисници секој ден се логираат на „Фејсбук“ каде што објавуваат свои фотографии, видеа и текстови, а за толку многу податоци потребни се многу големи простории и сервери – наведе „Теч инсајдер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top