| четврток, 6 декември 2018 |

Супербрз спортски автомобил од само 700 килограми

Британските автомобилски компании продолжуваат со својата традиција да произведуваат суперспортски автомобили кои располагаат со голема сила. Најнова потврда за тоа е новиот модел „зенос Е10 Р“

Лесен спортски автомобил во својата „Р“ верзија, кој под поклопецот за моторот располага со бензински турбоагрегат од 2,3 литри кој доаѓа од „Форд“ и има 355 коњски сили. Можеби не звучи претерано силно, но тежината што ја има уверува дека се работи за вистински болид кој може рамо до рамо да се носи со „бугати вејрон“, кој чини неколку стотици илјади евра повеќе.

Zenos-E10-R-003-copy

Означен како најбрз и највозбудлив модел досега, „Е10 Р“ е препознатлив по веќе добро познатиот бескомпромисен дизајн. Моторот од 355 коњски сили и 475 њутн-метри најголем вртежен момент е поврзан со шестстепен рачен менувач, кој овозможува хиперспортско забрзување до 100 километри на час за неверојатни три секунди. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.

Zenos-E10-R-005-copy

Алуминиумската и карбонската конструкција на каросеријата е преземена од моделите „Е10“ и „Е10 С“, но новиот модел „Е10 Р“ е опремен со нови амортизери „билстеин“, кои се карактеристични само за тркачките автомобили. Покрај новите амортизери, „Е10 Р“ е опремен и со нови кочници, нови предни дискови и шепи. Овој модел, исто така, доби и опција за 16 и 17-инчни алуминиумски бандажи кои помагаат да се намали вкупната тежина за 10 килограми. Сите овие измени овозможуваат автомобилот да тежи само 700 килограми, што е за 25 килограми помалку од моделот „Е10 С“.

Zenos-E10-R-004-copy

За купувачите на кои „Е10 Р“ не им е доволно спортски, понудени се и седишта изработени од карбонски влакна, тркачки заштитни појаси кои се поврзани во шест точки, како и управувач на кој е монтиран систем за брзо отстранување од главниот столб.

Zenos-E10-R-008-copy

Zenos-E10-R-009-copy

Zenos-E10-R-010-copy

Покрај импресивните изведби, моделот „Е10 Р“ има изненадувачки пристапна цена која започнува од 40.000 фунти. Тоа е за 10.000 фунти повеќе од цената на „форд фокус РС“ кој го користи истиот 2,3-литарски мотор „екобуст“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top