| четврток, 6 декември 2018 |

Во Шведска извршени рекорден број напади врз бегалски центри

svedska migrantiРекорден број напади се извршени оваа есен врз центри за бегалци во Шведска, соопшти денеска организацијата за човекови права Експо.

Според нив, во Шведска во 2015 година се извршени повеќе напади врз бегалски центри отколку во изминатите четири години.

Од 2011 година до ноември 2015 година регистрирани се 95 напади врз такви центри. Од нив 50 се извршени во 2015 година. Само во октомври биле извршени 14 такви напади што се регистрирани од полицијата – опожарување, вандализам, закани и напади врз мигранти.

Во текот на оваа година во Шведска пристигнале 170.000 бегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top