| четврток, 6 декември 2018 |

Невработеноста на историско најниско ниво – 25,5 проценти

pad na nevrabotenostСтапката на невработеност во третиот квартал паднала на рекорни 25,5 проценти.  Според податоците на Државниот завод за статистика , во третото тримесечје од 2015 година, активното население во Република Македонија има 954.610 лица од кои вработени се 711.380, а 243.230 лица се невработени.

Невработеноста во земјава постојано се намалува, како резултат на владините мерки за создавање добра деловна клима и привлекување странски компании кои отвораат нови работни места.

Намалувањето на невработеноста е во континуитет веќе подолг период. Неколку години, секој квартал, секои три месеци, имаме одредено намалување на невработеноста и трендот е јасен дека невработеноста  не инцидентно, туку континуирано се намалува.

За споредба со крајот на 2006 година, кога стапката на невработеност изнесуваше 36 проценти, третото тримесечие 2015 година невработеноста е намалена за 10,5 проценти.

Највисока стапка на невработеност Македонија имаше во 2005 година – рекордни 38 проценти.

stapka nevrabotenost po godini

Статистички, споредено со третиот квартал од 2014 година, кога невработеноста изнесуваше 27,9 проценти, во третиот квартал годинава најмногу е намалена невработеноста кај младите од 15 до 24 години, потоа кај категоријата од 24 до 49 години, а мал пад има и на невработеноста на населението од 50 до 64 години. Во апсолутна бројка, бројот на невработени се намалил за над 25.000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top