| четврток, 6 декември 2018 |

Фризурата открива какви сте во креветот

Научниците велат дека има врска помеѓу сексуалните желби и начинот на кој ја „скротувате“ косата.

насловна фризура

Коњско опавче

Иако многумина жени изгледаат како невини ученички, тие кои носат  опавче се  изненадувачко жешки во постелата. Држењето на косата подалеку од очите покажува сексуална самодоверба, тврдат експертите.

Секси совет: сакате брз и жесток секс. Изненадете го партнерот така што ќе запалите неколку свеќи и ќе ја забавите акцијата и пред и за време на сексот. Уживајте во долга предигра пред  огнената кулминација.

kako-frizurata-ja-otkriva-vasata-licnost-02

Секогаш беспрекорно исчешлана и уредна

Дури и кога сте сами дома, вашата фризура изгледа како сега да сте излегле од фризерски салон. Тоа значи дека ги сакате редот и дисциплината во сите аспекти од животот. Среќни сте додека вие ја водите играта во креветот, па на партнерот ретко му дозволувате да ја преземе иницијативата.

Секси совет: Ако секогаш ја имате контролата, тоа може да ве спречи да му се препуштите на  моментот. Вечерва дозволете му да ви стави превез преку очите и препуштете му се на партнерот.

shiny-hair-secrets_840_472

Дива и распуштена

Тоа е знак дека добро се чувствувате во сопствената кожа. Опуштени  сте во животот, љубовта и сексот. Вие сакате секс во било кое време од денот и вистински уживате во него.

Секси совет: Галете  го партнерот на секаде по телото и тој ќе посака да ви врати со иста мера по што ќе следи експлозија од страсти.

kosa-1381261101-16736

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top