Над илјада полицајци протестираа синоќа во Љубљана. Тие се мобилизирани неколку седмици поради имигрантската криза, и бараат зголемување на платите и подобри услови за работа, јави БТА.
Демонстраните се собраа пред Парламентот во центарот на Љубљана со повици: „Крадци, крадци!“
Двата главни синдиката на полицијата во земјата со два милиона жители, се одлучија на овој протест по неколку седмици безуспешни преговори за зголемување на платите. Поголемиот дел од полицајците протестираат во униформи.
Полициските службеници можат да носат униформи на работа, на пат до или од работа и свеченостите поврзани со работата или унапредување на полицијата, објаснуваат од полицискиот синдикат. Поради тоа, раководството на полицискиот синдикат повторно предупреди да не се носат униформите при денешниот протестен митинг.
Премиерот левоцентрист Миро Церар го нарече протестот „скандалозен“ во момент кога земјата треба да се справи со преминувањето преку нејзина територија на илјадници имигранти на пат за Западна Европа.
Над 300.000 имигранти преминаа преку Словенија од средината на октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)