| четврток, 6 декември 2018 |

Во тепачката кај Железничка, оштетени два автобуси

Автобусите  со број 70 и број 55 на  Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје се оштетени во тепачка што се случи вечерва околу 19 часот и 40 минути во близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“ кај новата Железничка станица.

avtobus JSP

Според првичните информации од полицијата, станува збор за нарушување на ред и мир што го предизвикале две групи помлади лица.

Откако дошло до тепачката, двете групи се растурени. Неколкумина се веќе во полициска станица, а по другите се трага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top