| четврток, 6 декември 2018 |

Предавање на полскиот интелектуалец Кшиштоф Чижевски во Скопје

Еден од најважните современи полски и европски интелектуалци, Кшиштоф Чижевски, насловено „Слобода наспроти солидарност: Предизвикувајќи ја современата уметност и култура“ ќе одржи предавање во клубот ГЕМ во Старата скопска чаршија, на 14 декември, понеделник, со почеток во 19 часот и ќе биде проследено со јавна дискусија, информираат од Амбасадата на Република Полска во Скопје.

 

30f4662c-f4ba-4232-b8ee-0546a89d8fb1

„Постојано проширувајќи го опсегот на индивидуалните слободи научивме да го распознаваме горчливиот вкус на отуѓувањето, себичноста и осаменоста меѓу другите луѓе, како и депресијата, најчестата болест на либералните општества. Тоа е искуство на модерноста, кое нè направи свесни дека човекот се раѓа за слобода, но станува навистина слободен само кога е во можност доброволно да се откаже од својата слобода за повисока цел. Односно, да се врати на солидарноста“ вели Чижевски.

Кшиштоф Чижевски е еден од најголемите полски и европски интелектуалци. Тој е граѓански активист, есеист, театарски продуцент и издавач. Основач и директор на Центарот „Пограниче” во Сејни, Полска. Уште од 1977 година го свртува вниманието со создавањето на денес светски познатиот Театар Гарџеница во Лублин, Полска. Важи како дисидент и андерграунд уметник од времето на Железната завеса. Во 1990 година ја основа Пограничната фондација со цел да се зачува културнатаа различност во Централна и Источна Европа, уништена наголемо меѓу двете светски војни. Тој е оособено активен во земјите во кои беснеат војни и етнички тензии, обидуваајќи се да поттикне услови за закрепнување на општеството и да го овозможи интеркултурниот и интеррелигискиот дијлог. Член е на многу дебатни клубови и форуми низ светот, од Њујорк, Брисел, Амстердам до Будимпешта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top