| четврток, 6 декември 2018 |

Валтер Штајнмаер: Постои опасност Европската унија да се распадне!

„Или Европа ќе се обедини и ќе дејствува солидарно во овие тешки моменти за стотици илјади луѓе или одново ќе се подигнат ѕидови и бариери“, изјави германскиот министер за надворешни работи Валтер Штајнмаер во говор пред годишниот конгрес на Социјалдемократската партија.

-Потоа би била уништена визијата за обединета Европа, додаде тој.

Германските Социјалдемократи се помалиот коалициски партнер во Владата на конзервативниот канцелар Ангела Меркел. Штајнмаер ги повика своите сопартијци да го поддржат европскиот проект и да дадат отпор на десничарските популисти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top