На 12 декември од 9 до 13 часот во СРЦ „Кале“ во малата сала на КК Вардар ќе се одржи кошаркарски турнир, Европска кошаркарска недела на Специјална Олимпијада, на Специјална Олимпијада Македонија во соработка со Македонската кошаркарска федерација (МКФ).
Турнирот опфаќа натпреварувања во традиционална кошарка, Јунифајд кошарка и 3 на 3 баскет.
12. Европска кошаркарска недела се случува во 33 земји обединувајќи 18 500 спортисти, лица со интелектуална попреченост, членови на Специјална Олимпијада. Случувањето е помогнато од 25 кошаркарски федерации и 60 професионални кошаркарски клубови кои овозможуваат Европската кошаркарска недела да биде традиционален настан за лицата со интелектуална попреченост.
Поддржана од ФИБА Европа и Евролига, Европската кошаркарска недела на Специјална Олимпијада има за цел да се зголемат можностите за спортување на лицата со интелектуална попреченост, со што ќе се влијае на квалитетот на нивниот живот и ќе се промовира почитувањето, прифаќањето и инклузијата на овие лица. Евролига преку програмата „Еден тим“ го поддржува формирањето на Јунифајд екипите и натпреварувањата со кои се креира моќна порака за интеграција и прифаќање на лицата со интелектуална попреченост.
Европската кошаркарска недела е значаен настан за Специјална Олимпијада Макеоднија затоа што кошарката е најмасовен и најсакан спорт помеѓу членовите на Специјална Олимпијада Македонија, а неодамнешното сребро од Летните Олимписки игри во Лос Анџелес 2015 го потврди тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст