| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачки кај Меѓународната автобуска станица

Голема и масовна тепачка помеѓу повеќе групи помлади лица вечерва штотуку се случила кај меѓуградската автобуска станица во Скопје, по одржувањето на прославата по повод враќањето на Јохан Тарчуловски, на градскиот плоштад, јави поратлот МКД.

trojca-tetovci-i-dvajca-policajci-povredeni-vo-masovna-tepachka-100180

Како што пишува поратлот, во реонот се распоредени  полициски сили, како и неколку возила на Брзата помош, но засега нема информации за повредени граѓани.

Од МВР ги потврдија информациите за немилите настани и неофицијално информираа дека биле приведени повеќе учесници во тепачките, но дека засега немаат информации за повредени.

Денеска попладне на градскиот плоштад во Скопје се собраа повеќе илјади граѓани за да го прослават враќањето на Јохан Тарчуловски во земјава по осумгодишната робија што ја одлежа по пресудата на Хашкиот трибунал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top