| четврток, 6 декември 2018 |

Пентагон предлага мрежа на нови бази за борба со исламистите

U.S.D.D

Министерството за одбрана на САД, предложи план за изградба на нови бази во Африка, Блискиот Исток и Југозападна Азија, за собирање на разузнавачки податоци и удари по групи, лојални на Исламска држава, соопшти „Њујорк тајмс“.
Барем осум регионални организации декларирале врски со исламистите во Сирија и Ирак, но уште не е јасно колку од нив се реална закана и колку тоа го направиле само за да се истакнат.
Додека се собираат овие информации, американските воени сили ја нудат новата мрежа, која ќе ги обслужува специјалните одреди за вршење на антитерористички мисии и обезбедување на трајно присуство во некои од најнестабилните региони на планетата.
Предлогот беше даден во септември од претседателот на Советот на генералштабовите на американската армија, генерал Мартин Демпси, во контекст на борбата против тероризмот, но последователните напади во Париз го насочија фокусот кон метастазите на Исламска држава и ја успориле дебатата во Вашингтон, наведува весникот.
Според извори на весникот станува збор за четири дистрибутивни центри, вклучувајќи ги базите во Џибути и Авганистан, плус помали пунктови во неколку држави, меѓу кои Нигер и Камерун. Во моментов САД користат аеродроми во Африка, вклучувајќи во Етиопија и Буркина Фасо, за воздушно разузнавање со дронови и авиони, слични на граѓанските, велат од „Њујорк тајмс“.
Центрите, меѓу кои можеби ќе биде и базата во Ербил во северен Ирак, би требало да подржат помеѓу 500 и 5.000 војници, а трошоците нема да бидат големи, бидејќи главно че бидат за плати и основна опрема. Сето ова ќе се случува со согласност на земјата домаќин и не е привремено решение, а ќе биде вклучено во структурата на буџетот за одбрана за годините што доаѓаат.
Дебатата за овој план е во рана фаза и има спорови дали американските бази да бидат во Африка или заканите кои доаѓаат од западниот дел на континентот, да бидат пресретнати со ресурси на центри во Јужна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top