„Нема да му се предадеме на стравот“, извика Мадона за време на концертот, кој синоќа го одржа во Париз, речиси еден месец по терористичките напади во француската престолнина на 13 ноември, во кој беа убиени 130 лица, пренесе „Франс прес“.
Шоуто во салата „Берси“ беше дел од турнејата на кралицата на поп музиката „Немирно срце“.
– Размислувам за тоа што се случи пред речиси еден месец, рече видливо возбудена американската ѕвезда. Срцето на Париз и срцето на Франција бијат во срцето на секој град – извика Мадона на сцената.
– Ние сме едно срце и нашето срце чука синхронизирано. Моќта на љубовта е поголема од љубовта на силата, продолжи поп иконата. Имав 20 години кога дојдов во Париз, и тука во Париз, решив дека ќе правам музика, сподели Мадона. Ти благодарам, Париз, што си го посеал тоа семе во моето срце! – извика таа емотивно.
Обвиткана со француско знаме, Мадона заедно со публиката, која стана на нозе, ја пееше Марселезата. По завршувањето на шоуто во „Берси“, поп-дивата по полноќ одржа импровизиран акустичен мини-концерт пред неколку десетици луѓе на Плоштадот на Републиката во Париз, кој се претвори во место за сеќавање на жртвите од најсмртоносните терористички напади во француската престолнина.
– Таа сакаше да му оддаде почит, таа го обожава овој град. Беше магично. Никогаш нема да го заборавам ова, изјави гитаристот на Мадона, Монти Питман.
Заедно со 9 годишниот син Дејвид, кралицата на попот ги пееше своите хитови „Like a Prayer“ (Како молитва) и „Ghosttown“ (Град на духови), како и ипесната на Џон Ленон „Imagine“ ( Замисли), химната на пацифистите.
Таа си замина од Плоштадот на Републиката непосредно пред 1 ч. по полноќ.
Последен пат Мадона ги израдува своите обожаватели во француската престолнина во јули 2012 година, во салата „Олимпија“.
Два дена по нападите во Париз, за време на концерт во Стокхолм, американската поп икона пееше на француски, само со придружба на гитара, песната на Едит Пјаф „Живот во розово“.
Нападите на 13 ноември, во кои беа убиени 130 и повредени 350 лица, се најсмртоносните на француска територија. Одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Пијанистот Дино Имери со концерт го прославува 10-годишниот јубилеј
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?