Црногорскиот пејач изненади многумина со оваа постапка.
Пејачите Владо Георгиев и Жељко Јоксимовиќ со години одвоено граделе музички кариери и немале премногу допирни точки. Медиумите, пак, пишуваа за нивна евентуална меѓусебна нетрпеливост како и дека двајцата успешно се избегнуваат со години. Владо вчера реши да направи нешто што ги насмеа неговите следбеници на „Твитер“.
Тој на споменатата социјална мрежа напишал порака во која му се обратил на Жељко: „Ако почнеш да ме следиш на ’Твитер‘ ќе ти дојдам на концерт в петок“.
Сè уште се чека одговорт на Јоксимовиќ на овој ултиматум од страна на Герогиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.