| четврток, 6 декември 2018 |

„Гардијан“: ИД е непријателот, но Башар Асад е проблемот

gardiyn-islqmska-dyrjava-e-vragyt-no-bashar-asad-e-problemyt-343703

Во моментот кога лојалните сили на сирискиот претседател Башар Асад си ја вратија контролата над значителен дел од градот Хомс, важно е да се потсетиме како Сирија стигна до тука, пишува британскиот весник. „Гардијан“.
Пред речиси пет години стотици илјади сиријци излегоа мирно да протестираат барајќи си ја слободата, поради што други се мобилизираа за време на Арапската пролет. Реакцијата на диктаторот беше да почне бран насилства против сопствените граѓани, вклучувајќи и напади со ракети „Скад“ и хемиски оружја.
Бидејќи немаше западна интервенција во заштита на цивилите, востанието против Асад се повеќе се врзуваше со џихадизмот, како надворешна поддршка која главно дојде од земјите од Персискиот Залив, забележува „Гардијан“.
Политиката на масовни убиства на Асад, одговорна за смртта на повеќето од 300 илјади жртви во војната и за раселувањето на половина од сириското население, беше главниот фактор кој стои зад подемот на Исламска држава во Сирија, дополнува британското издание.
Асад тврди дека е незаменлив сојузник во борбата против ИД, но сепак неговата армија се фокусира главно на бунтовниците, а не на Исламска држава. Единствената надеж за организирање на копнени сили, кои ќе и се спротистават на Исламска држава се локалните сунитски групи. Но за да биде обезбедена нивната поддршка, важно е јасно да се каже дека Асад не е сојузник и нема да биде дел од идниот политички развој во Сирија, дополнува британското издание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top