| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува проектот за намалување на јаглеродниот диоксид од автомобилите во Македонија

Во Скопје денеска ќе биде одбележан почеток на проектот, чијашто цел е намалување на емисиите на јаглероден диоксид од автомобилите во Македонија.

Проектот е насловен „Стабилизирање на емисиите на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на горивото“, и треба да придонесе кон намалување на емисиите на јаглероден диоксид од страна на транспортниот сектор (лесните возила) во Македонија, преку изработка на политика за економија на горивото.

На настанот е најавено обраќање на министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.

Проектот се спроведува од УНЕП –ГЕФ во соработка со Регионалниот центар за животна средина – Канцеларија во Македонија, а главен корисник е Министерството за животна средина и просторно планирање, кое заедно со рафинерија ОКТА го обезбеди националното кофинансирање на проектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top