Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, кој е во официјална посета на Израел, вчера со премиерот Бенјамин Нетанјаху потпишаа Декларација за пријателство.
Видеото од средбата е објавено на официјалната страница на „Фејсбук“ на израелскиот премиер.
Декларација за пријателство меѓу Република Македонија и Израел е од стратегиско значење, и која уште повеќе ги зацврснува билатералните односи меѓу двете земји.
– Двете земји ги врзува силно партнерство, заемна почит, одлична билатерална и мултилатерална соработка. Меѓу нас нема отворени или спорни прашања. Ние сме долгогодишни пријатели и партнери – истакна на заедничката прес-конференција премиерот Груевски.
Вториот и третиот документ, кои беа потпишани се Договорот за одбегнување на двојното оданочување и Договорот за промоција и заштита на инвестициите, документи што се во функција на интензивирање и стимулирање на економската соработка меѓу државите.
PM Netanyahu Meets Macedonian PM GruevskiPrime Minister Benjamin Netanyahu with Macedonian Prime Minister Nikola Gruevski.Video: GPO
Posted by The Prime Minister of Israel on Wednesday, December 9, 2015
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст