| четврток, 6 декември 2018 |

МНТ и полскиот театар „Хелена Моджејевска“ заедно ја работат „Прекината Одисеја“

Македонскиот народен театар по повод подготовките на копродукцискиот проект работно насловен под името „Прекината Одисеја“ од 4 до 8 декември гостуваше во еден од петте позначајни театри во Полска, Театарот „Хелена Моджејевска“ во Легница, информираат од МНТ.

12310608_10206669969525260_6242911340991805159_n
Прoектот е базиран на судбината и егзодусот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, кои завршуваат во Полска, голем дел од нив во Легница. Првата фаза со режисерот Јацег Гломб беше прибирање на сите тие големи човечки судбини, преку разговори со децата бегалци, кои беа директни учесници во големиот прогон, посета на музеи и работилници со актерите од Македонија и Полска во МНТ.
Праизведбата е планирана за месец септември 2016 г. во Македонскиот народен театар, претставата ќе биде изведена 10 пати во Македонија, а во месец ноември 2016 г. ќе се одигра 10 пати во Варшава, Вроцлав, Легница и Краков.

10525390_10206669970325280_6847454739053982140_n

 

„Прекината Одисеја“ ќе се игра на двата јазици, македонски и полски, а во претставата ќе играат 30 актери од двете земји.

Под работниот наслов „Прекината Одисеја“ на овој значаен проект, кој ќе биде потпишан од полскиот режисер Јацег Гломб работат и двајца драматурзи, Загорка Поп-Антоска-Андовска од Македонија и Роберт Урбански од Полска.

По потпишувањето на копродукцискиот договор ова е прво официјално гостување на МНТ во Легница, а театарот „Хелена Моджејевска“ веќе два пати ги посети Македонија и нашиот театар.

12316613_10206669971365306_7493245852324437593_n

Соработката на двата театри е исто така од особено значење за продлабочувањето на македонско-полската културна соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top