| четврток, 6 декември 2018 |

Според „Тајм“: Ангела Меркел е личност на годината

Магазинот „Тајм“ ја прогласи германската канцеларка Ангела Меркел за личност на годината. Во соопштението, списанието го поздравува раководството на Меркел за време на должничката криза во Европа, мигрантската криза и руската воена интервенција во Украина.

angela merkel

Магазинот на својата веб страна објави слика на Меркел со цитат од еден од нејзините говори кога таа изјави дека е изненадена од тоа како понекогаш луѓето се слаби и колку брзо губат храброст.

– Меркел е избрана за личност на годината поради тоа што таа бара од нејзината држава повеќе отколку што политичарите би се осмелиле, поради тоа што застанала цврсто против тиранијата, како и за експедитивноста и обезбедувањето на цврсто морално раководство во свет каде тоа недостасува – напиша уредникот на „Тајм“ Ненси Гибс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top