| четврток, 6 декември 2018 |

Едноставно, брзо и вкусно: торта за сите мрзливи домаќинки!

Сакате слатки, но едноставно не се снаоѓате во кујна ? Ова е рецептот за вас.

домаинка

Потребно:

400 грама бисквити

– две чаши млеко

– чаша кисела павлака

– две чаши слатка павлака

– кесичка шлаг

–  пола килограм овошје по желба

–чаша  шеќер во прав

plazma-torta

Подготовка:

Во подлабок сад, се меша киселата павлака и шеќерот. Во друг сад промешајте ја слатката павлака.

Бисквитите натопете ги во млеко или пак во какао или кафе со млеко по желба.  Потоа наредете ги во сад, а од горе намачкајте ги со смесата добиена од киселата павлака и шеќерот. Ставете го избраното овошје , а од горе шлаг пената.

Ставете уште еден ред бисквити, а  потоа киселата павлака со шеќерот, овошјето, слатката павлака, а на крај остатокот од шлагот.

Оставете ја во фрижидерот најмалку два до три саата да се стегне, доколку можете да издржите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top