Двојно се зголемени брзината и времето на одѕив на системите на Катастарот со направената надградба на хардверската инфраструктура и воспоставената т.н. клауд платформа во оваа институција. Тоа, според раководството на Катастарот, треба да се одрази на брзината на издавање на податоците и да го намали времето за решавање на предметите.
– Со воведувањето на новата платформа се зголемува брзината за решавање на предметите, капацитететот на електронските сервиси, се зголемува брзината на пристап преку електронскиот шалтер од страна на професионалните корисници – рече денеска на прес-конференција Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.
Наместо за пет минути, појасни Трпески, сега имотни листови ќе се издаваат за минута, бидејќи системот е со посилни перформанси.
– Роковите за решавање на предметите се исти, но ако досега вработениот или професионалниот корисник по одбирање на кој било предмет очекувал да се подигне за минута или половина минута затоа што се работи за фајлови кои се скенирани и имаат определена тежина, сега тоа се прави за неколку секунди и поради тоа се зголемува брзината за решавање – рече Трпески.
Надградбата на хардверската инфраструктуира и „клауд“ платформата за работа на сите електронски системи за граѓаните, професионалните корисници и вработените се во рамки на проектот „Катастар на невдижности и регистрација“ финансиран од Светска банка. Новата платформа, посочи Трпески, користи најсовремена технологија за виртуелизација, како и доволен капацитет за складирање на сите геопросторни податоци со кои располага Катастарот.
Според Трпески, платформата обезбедува максимална заштита на податоците на оддалечена локација на растојание поголемо од 100 километри од примарниот дата центар. Димензионирана е за да ги задоволи потребите на Агенцијата за катастар на недвижности за наредните пет години, како за постоечките системи, така и за системите кои се во програмата на Владата, а Катастарот треба да ги имплементира.
– Предвиден е простор за регистарот за градежно земјиште кој очекуваме да биде целосно импелентиран до март следната година, системот за масовна проценка кој очекуваме да биде завршен до крајот на 2017 година, адресниот регистар кој треба да биде реализиран првиот квартал на 2018 година, потоа 3 Д катастарот и сите други системи кои се планира да се воспостават во наредниот период. Со оваа надградба катастарот доби хардвер кој е последен збор на технологијата, брз, безбеден и пред се економичен, рече Трпески.
Капацитетите на инфраструктурата се зајакнати, како што појасни Трпески, поради зголемената потреба ид користењето електронски сервиси и зголемениот број корисници на електронските услуги на Катастарот, со цел да се одржи високо ниво на услугите и максимална безбеднсот на податоците и сервисите.
Со електронскиот катастар на целата територија досега се обработени над пет милиони предмети, впишани се над 4,1 милион парцели, 750.000 објекти и други стварди права. Извршена е дигитализација на катастарските планови на 92,35 проценти од територијата на државата. Во инфраструктурниит катастар, пак, се евидентирани 23.000 километри водови, а имотен лист е издаден за 1.498 инфраструктурни објекти. Во регистарот на цени и закупните, кој е надградба на електронскиот катастар, се евидентирани 14.000 трансакции. Електронскиот шалтер на Катастарот го користат 700 нотари, геодети, општини, извршители, проценители, како и 800 вработени во оваа институција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст