Забраната на интернет ќе ја запре Исламска држава (ИД), рече Доналд Трамп.
Еден од претендентите на Републиканската партија за наследник на Барак Обама во Белата куќа, изјави дека е подготвен да се сретне со Бил Гејтс и со други претставници на големите технолошки гиганти и да разговараат за проблемот.
– Ние губиме многу луѓе поради светската мрежа – рече кандидатот за американски претседател. ИД ја користи светската мрежа за регрутирање нови членови. Џихадистите користат различни кодови, за да не бидат следени – додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.