| четврток, 6 декември 2018 |

Малиот Кеба несупешно и се додворувал на оваа српска фолкерка пред да се ожени со Северина (фото)

Игор Којиќ, синот на Драган Којиќ Кеба, деновиве е главна тема во медиумите поради бракот со Северина Вучковиќ која неодамна и официјално стана  госпоѓа Којиќ. Но за волја на вистината младиот Казанова Којиќ јуниор одамна покажува слабост кон пејачки, па така пред познатата пејачка младиот Којиќ имал афинитети кон една од најпопуларните Ѕвезди на Гранд – Рада Манојловиќ.

насловна којиќ

 

Поранешниот голман и пејачката биле блиски, но помеѓу нив не се случило ништо повеќе од пријателство.

Screenshot_2

Тие се зближиле кога врската на  Рада со Момир Гајиќ бил во криза, но сепак таа решила да му даде на Момир втора шанса. Со Момир ги решила сите несогласувања, а на синот на Кеба му понудила пријателство. Упатените тврдат дека откако е во врска со Севрина, Рада и Игор не се повеќе толку блиски.

-Рада и Игор вешто го криеја нивното пријателство, па најчесто се гледаа или кај него или кај неа дома. Само еднаш двајцата јавно се појавиле  и тоа на гала прославата на едена телевизија, а заедно и ја напуштиле забавата. На Игор многу му се допаѓаше Рада на која и посветуваше цело внимание но сепак не успеа да ја освои. Меѓутоа кога Игор ја започна врската со Северина, целосно се дистанцираше од Рада, која во меѓувреме ги реши несогласувањата со Момир- изјавил  добро информиран извор.

Radmila-Manojlovic

Рада меѓутоа ги демантираше овие приказни кусо изјавувајќи дека тие се само пријатели и дека Игор е многу добро момче.

Инаку Рада беше и гостинка на свадбата на Северина и Игор и се појави во ултра секси фустан.

Vencanje Severine Vuckovic i Igora Kojica

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top