Британскиот амбасадор Чарлс Герет најави заминување од амбасадорската позиција во Македонија, како и дека истата ќе ја отстапи на Саше Ивановски – Политико.
Герет се одлучил на овој чекор после пропаднатиот обид за ревитализација на кревкиот медиумски слободен простор од страна на велемајсторите за странски инвестиции Борјан Јовановски и Билјана Секуловска.
Да потсетиме: во нивните контра-вести на Телма во првата епизода гостин беше Чарлс Герент, а во втората епизода гостуваше Саше Ивановски – Политико, но неговото гостување беше исечено при монтажата на барање на телевизија Телма.
Телмашите со ваквата дрска цензура не го уважија Ивановски како логичен след после гостувањето на Чарлс Герет, амбасадорот на Велика Британија во заминување.
Дознаваме дека и самиот Герет бил револтиран што Телма не дозволила Саше Политико да седне на столчето на кое седеше тој. Според Герет, Ивановски се наметнал како логичен избор за нареден гостин после него, пред се поради неговиот богат вокабулар и капацитет.
„Се гордеев кога Борјан ми ја прифати идејата Саше Политико да биде наредниот гостин. Мислев дека не е можно да се најде подобар гостин од мене, но јас успеав. Направив проклето добар избор и сакам да си честитам во оваа прилика!“, изјавил Герет на негов близок пријател.
Странските спонзори и поддржувачи на емисијата, како USAID, американската и британската амбасада, биле презадоволни од Саше Политико, се идентификувале со се што тој пишувал досега и сакале да дадат посебен печат на „Контра Вестите“. Токму затоа инсистирале кај познатиот борец за слободата на говорот на парите од странство Борјан Јовановски, да го вклучи Политико во проектот „Контра Вести“.
Британците биле горди на текстовите на Саше за Дуња Мијатовиќ особено на текстот „Дуња, курво една“, а на американската амбасада омилен и бил текстот „Да ми го пушите куров ненормални имбецили да умрете сите племе ваше да се сотре морони едни“.
Блиски луѓе до британската амбасада велат дека токму Герет себеси се гледал како мал Саше и имал желба да гостуваат заедно во „Контра Вести“ но било предоцна да се организира тоа – а и ќе беше прекомплицирано за цензурирање од монтажерите на Телма.
Како надомест на штета за претрпена душевна болка поради цензурираниот Саше Политико, Британската влада ќе одвои дополнителни 3 милиони евра за новинарите како Политико кои одговараат на највисоките британски стандарди и се она што Британската амбасада се заложува да го види во Македонија како вредност поддржана од круната.
Во дипломатските зборови се шушка и дека кога амбасадорот Герет ќе се напиел, наместо да викне музика да му свири дома како другите дипломатски чалгаџии, обожавал да му се јавува на Саше, да го викне дома и да си пцујат пиејќи чај покрај камин.
Се зборува дека ваквите пцујачки седенки кај Герет имале и специфичен дрес-код: дебелил сомотски панталони, високи кондури, џемпер со насликан ирвас и карирано сако со кожа на лактите.
Понекогаш задоволни од пцовките биле во таков занес што енергијата им раснела дотаму да им доаѓа да се допрат за раце во знак на увереност дека нивното пријателство и совпаѓање е судбина.
Понекогаш на ваквите сеанси со пцуење го викале и италијанскиот амбасадор да им повторува „путана“ бидеќи им делувало романтично. Овие палавковци често знаеле и да му се јават на Бранко Героски и да му се претставуваат како анкетари на ВМРО само за да го слушнат како им порачува да јадат два кура на неговиот специфичен дијалект.
Сеансите завршувале така што Герет и Политико седнувале во поза „лотосов цвет“ само за да си ги чувствуваат енергиите, иако се случувало еден од нив да не може да издржи и да опцуе еднаш, после што следувал бесконечен цилкус на обострано пцуење.
Токму затоа Герет разочаран од цензурата на Телма одлучил да преземе другарски чекор кој ќе ја смири душата на неговиот пријател и брат, соборец и идол, Саше Политико.
Се заколнил дека бидејќи Саше не успеа да седне после него на столчето во Телма, ќе седне на неговиот стол во Британската амбасада. За Чарлс Герет немало посоодветен избор за британски амбасадор од Политико и веќе исконтактирал лично со Елизабета Втора да му издадат почесен пасош на Политико, за да може да ја преземе амбасадорската фотелја.
Од дипломатски извори дознаваме дека Герет на Елизабета Втора и рекол: „Ваше Височество, ве молам да издадете пасош за мојот наследник Саше Политико, а ако не издадете преку кур ненормални едни дали сте нормални морони едни дегенски лигуши смрдени, вистински гнаси, шупаци едни. Со почит, Чарлс Герет и у пизду материну да идете сите“.
Елизабета Втора била воодушевена и веднаш ја прифатила оставката на Герет, назначувајќи го Политико за нов амбасадор.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


