| четврток, 6 декември 2018 |

Богдановиќ освен за кафани, народните пари ги троши и за приватни патувања

богдан

Скандалите врзани со работењето на Саша Богдановиќ, првиот човек на Паркинзи Центар и на Општинската Организација на СДСМ не престануваат.

Журнал.нет дојде до документ кој говори дека Паркинзи Центар плаќале и зелени картони за приватни возила, за тоа говори фактурата платена од ПОЦ во износ од 5.536 денари за возило со скопски регистарски таблички кое не е во државна ниту било каква институционална сопственост туку е регистрирано на приватно лице, извесен Дехран Салихи од Шуто Оризари.

богдан2

Ова е скандалазно особено ако се знае дека со пари на граѓаните се финансира патување на приватни лица. Непознато е дали ова е единствено вакво финансирање и зошто Богдановиќ финансира приватни патувања во странство и тоа во период кој се поклопува со годишните одмори односно месец јули кога е екот на летната сезона.

Инаку последниот скандал за кој што пишувавме  беше кога Богдановиќ од касата на ПОЦ со народни пари плаќал угостителски услуги на кафаната „Три Аса“ во висина од повеќе десетици илјади денари, односно неверојатни 23.736 денари легнале на сметката на кафаната чиј сопственик е близок до СДСМ.

богдан3

Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар истакнуваат дека ова е пример за расипничко и недомаќинско работење кое отвора сомнеж и за криминално делување.

-Партизирањето на институцијата и нејзино инструментализирање за задоволување на личните интереси и интересите на СДСМ станува заштитен знак на институциите на Опстина Центар кои наместо да бидат во служба на граѓаните тие се узурпирани и киднапирани од граѓаните, потенцираат од Опстинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Од СДСМ има молк за ваквите скандали во кој е вмешан Богдановиќ, кој дознаваме дека на последната седница на Совет бил прилично нервозен поради тоа што јавноста дознала за неговите скандали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top