| четврток, 6 декември 2018 |

Вера Чудина: Турција лошо ќе помине во обидот да го реанимира Османлиското царство

Најпознатата хрватска претскажувачка, или како што себе сака да се нарекува – визионерка, Вера Чудина вели дека нема да постои класична Трета светска војна, во обликот од кој сите се плашат, но дека војувања се уште ќе има.

– Путин ќе изненади бидејќи е човек со ас во ракавот. Би морале да го поштедиме Иран, бидејќи би дошло до апокалипса. На актуелниот американски претседател времето му истекува. Русија е земјата која ќе го смени светот, но уште една велесила ќе не иненади – Кина. Нив никако не смееме да ги подценуваме, а и Индија е можно да ги рашири крилјата. Турција лошо ќе помине во обидот да го реанимира Османлиското царство. Европската унија наизглед ќе зацврсне, но бришењето граници на чие место доаѓаат бодликави жици како во концентрационен логор води само кон еднo: распад – вели Чудина за „Јутарњи лист“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top