| четврток, 6 декември 2018 |

Сменет српски министер поради сексистичка изјава

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека министерот за одбрана Братислав Гашиќ по коментарот упатен до новинарка на телевизијата Б92 не може повеќе да остане министер.

– Секогаш бев против хајки и секогаш го поставував својот грб и глава за сите мои министри кои беа изложени на напади. За ова што го направи Гашиќ не можам да најдам извинување, ниту оправдување, истакна Вучиќ, извинувајќи и се на новинарката на Б92 во име на целата Влада.

Тој смета дека е добро што министерот за одбрана се извинил и покајал, но дека тоа не е доволно и „била лоша порака за сите жени“.

Гашиќ даде груба сексистичка забелешка кон новинарката, која клекнала пред него со цел да не влезе во фокусот на камерите додека тој давал изјава.

– Сакам новинарки кои лесно клекнуваат, изјави министерот, кој подоцна јавно се извини за своите зборови.

Опозициските партии и новинарските здруженија во Србија веднаш побараа смена на министерот од неговата функција, поради „срамното однесување, сексизам и вербално насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top