САД потврдија дека во американските воздушни напади минатиот месец, е убиен еден од лидерите на Исламска држава во Либија, познат како Абу Набил.
Како што е соопштено, нападот е извршен на 13 ноември во источниот либиски град Дерна.
Портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис потврди и дека еден од лидерите на групата „Ал Шабаб“, поврзана со Ал каеда, е убиен во американски напад во Сомалија на 2 декември.
Дејвис рече дека во прашање е Абдирахман Сандере, познат како „Укаш“. Тој додаде дека тој воздушен напад задал значителен удар на „Ал Шабаб“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


