| четврток, 6 декември 2018 |

Доделување на наградата „Св.Климент Охридски“

Денеска во во свечената сала на Собранието на Република Македонија ќе бидат доделени државните наградиСв.Климент Охридски“ за 2015 година.

Државната наградаСв. Климент Охридски“ за 2015 година во областа на воспитанието и образованието им се доделува на дефектологот Горан Ајдински и на теологот, библист и филолог Ратомир Гроздановски. Во областа на културата и уметноста наградата му се доделува на  поетот, литературен критичар и есеист Раде Силјан, а во областа на здравството наградата и се доделува на доц. д-р. Сци Аспазија Софијанова, педијатар.

Државната наградаСв. Климент Охридски“ претставува највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември 2015 година во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top