| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Дејствуваме во интерес и на државата и на бегалците и на Европа

Ние со нашето однесување дејствуваме и во интерес на мигрантите, за подобар хуман третман, но и заради евиденција и намалување и превенција од безбедносните ризици и закани, не само кон Македонија туку и кон нашите европски пријатели, подвлече премиерот Никола Груевски.

избеглици

-Дејствувањето на јужната македонска граница е дејствување во интерес на европа. Безбедноста е значајна компонента и таа не е и не може да биде секундарна работа, а за сметка на хуманоста. Тие две работи не се исклучуваат туку треба да одат заедно, уважувајќи ја еднакво секоја од нив. Хуманоста сме ја докажале безброј пати, Македонија беше место каде што 360000 лица најдоа привремено прибежиште пред 16 години за време на косовската криза, и никој не може да ја обвини Македонија за нехуманост, напротив. Како што зимата надоаѓа ние постапуваме одговорно, обезбедуваме бесплатна медицинска заштита, топла облека, храна и топли напитоци, обучуваме персонал кој е спремен да помогне, соработуваме со невладиниоте организации и поставувањето на СОС детски села на јужната и северната граница се одличен пример за тоа.

Груевски ја поздравуви одлуката на ЕУ силите на Фронтекс да учествуваат во координирање на активностите на грчко-македонската граница и им се заблагодари на европските политичари и европските земји кои ни даваат поддршка во надминувањето на овој предизвик.

-Уште еднаш ние мораме да се обединиме околу координаиран одговор на кризата која ќе трае, обединуваќи ги Балканските држави. Европските сојузници, меѓународните актери, невладините и хуманитарните организации околу споделено и одржливо решение за оваа криза во која Македонија од сопствени ресурси, без сериозна финансиска помош од надвор, прави се за хуман третман на оние кои бегаат од виорот на војната. Ќе продолжиме да се однесуваме одговорно и посветено на оваа тема, додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top