Премиерот Никола Груевски денеска најави два нови проекти кои се однесуваат пред се на младите луѓе, и имаат поврзаност со образованието. Едниот од нив е бесплатен превоз за студентите во јавниот сообраќај.
Втората добра вест кој ја соопшти премиерот Никола Груевски во денешниот говор на Свечената академијата по повод државниот празник Св. Климент Охридски е проектот со кој средношколците секоја среда ќе може бесплатно да ги посетуваат државните театри, музеи и кина. Средношколците секоја среда ќе може бесплатно да се возат и со жицарницата на Водно.
-Вториот проект, кој исто така започнува со важност од 1 јануари 2016 година се однесува на средношколците. Следејќи ја успешната приказна на проектот “Слободен Четврток” наменет за студентите, преку овој нов проект кој се вика “Средношколска Среда” ќе се стремиме да ја подигнеме мобилноста, квалитетот на забава, и посетеноста на културните институции како театри, музеи и кина кај средношколците. Преку овој проектот „Средношколска Среда“ секоја среда на сите средношколци, ќе им овозможиме бесплатен превоз на жичарницата на Водно и со железничкиот сообраќај во Република Македонија, како и бесплатни билети за театрите, музеите и кината во државата. На овој начин ќе се зголеми мобилноста на младите и ќе се влијае на зголемување на свеста за посета на установите на културата во Република Македонија и развој на културниот сегмент во младинската сфера, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии