Должничката криза е сериозен ризик за „социјален модел“ на еднакви можности во ЕУ, соопшти Европската комисија.
– Извештајот на Комисијата за индустриски односи во минатата година, има загрижувачки тон. Острите мерки за штедење и болните економски реформи за стабилизирање на јавните финансии повикуваат на успешен дијалог меѓу работниците, работодавачите и владата. Но, социјалниот дијалог е под се поголем притисок во актуелната ситуација на потисната макроекономска побарувачка, зголемени даноци и намалување на владините трошоци, изјави Ласло Андор, европски комесар за вработување и социјални работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.