Додека расте потерата по џихадистите по атентатите во Париз, властите во Грција предупредуваат дека без претходни разунавачки информации едноставно е невозможно да се откријат опасни екстремисти меѓу емигрантите кои пристигнуват, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
– Ако тие веќе не се регистрирани во базата на податоци, тоа едноставно е невозможно – вели Димитрис Амуѕиас, началник во полицијата во Морија, главниот центар за регистрација во Грција на островот Лезбос.
Во кампот, емигранти и бегалци стојат во ред за да им се земат отпечатоци од прстите, да ги фотографираат и да бидат анкетирани од агенти од Европската агенција за управување со надворешните граници (Фронтекс).
Тоа изгледа како детална проверка, но џихадистите веќе докажале дека можат лесно да ја заобиколат.
Осомничениот организатор на нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица, 28-годишниот Абделхамид Абауд, избегал од Европа во Сирија и се вратил назад без да биде сопрен.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев, претпоставува дека Абауд, кој беше убиен во полициската акција во Париз, минал преку Грција.
Грција го негираше тоа. – До денес ниту еден извор не доставил никаков доказ како потврда за тоа тврдење, се посочува во соопштение на Министерството за заштита на граѓаните.
Грчката полиција го барала Абауд во Атина во јануари, кога во акција на белгиската полиција во градот Вервие во источна Белгија беше разбиена ќелија за планирање на терористички напади.
Тогаш беше објавено дека имало јавувања од мобилен телефон од Грција до групата во Вервие.
Грција екстрадира во Белгија 33-годишен Алжирец, кој бил уапсен во полициска акција во атинскиот кварт Панграти, но Абауд не бил пронајден.
– Неконтролираниот прилив е предизвик без преседан за европската безбедност, вели европски експерт по безбедност, кој побара анонимност.
Благодарение на базата на податоци со отпечатоци од прсти во Грција и пасошот, кој бил пронајен во близина на еден од нападнатите објекти во Париз, француските и грчките власти успеаја да потврдат дека еден од мажите кои се разнеле со бомба пред Стад де Франс, во октомври се регистрирал на грчкиот остров Лерос како сириски бегалец под име Ахмед Ал Мохамед.
Во петокот францускиот јавен обвинител Франсоа Моленс изјави дека вториот напаѓач на Стад де Франс минал преку Грција како емигрант.
Грчката полиција не реагираше веднаш на соопштението.
Амуѕиас тврди дека неговите службеници прават сѐ што можат во строгите наредби. – Нема полицаец кој би пуштил емигрант да мине без да му земе отпечатоци од прстите – тврди тој.
Вториот министер за заштита на граѓаните, Никос Тоскас, искажа сличен став за време на вонредната министерска средба во Брисел. – Надворешните граници се проверуваат, бегалците се проверуваат и се идентификуваат согласно со европските правила – изјави Тоскас.
– Една од мерките за безбедност е дека емигрантите не можат да си купат билети за фериброд и да го напуштат островот без да имаат регистрација – вели Амуѕиас.
Но, оние што сакаат да ја избегнат полицијата, можат да се снабдат со лажни грчки документи. Криминални групи прават бизнис и ги снабдуваат емигрантите со лажни документи и со полициски регистрации.
На островот Лезбос беше разбиена банда на осомничени фалсификатори, од кои повеќето биле Пакистанци.
– Ние практично не знаеме кој минува – признава друг полициски службеник кој побара анонимност.
– Дури Сиријците и да имаат пасоши, не е веднаш можно да се идентификува нивното потекло. Луѓе од други националности „се регистрираат само врз основа на изјава кои се и од каде се“ – додава службеникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст