| четврток, 6 декември 2018 |

На просторот на поранешна СФРЈ живеат 1,8 милион жители помалку од 1991 година

Во поранешната СФРЈ во 1991 година живееле 23.542.815 жители, а моментно во некогашните југословенски републики живеат околу 21,8 милиони жители.
Во поранешните југословенски републики, со исклучок на Косово, моментно живеат 19.921.197 жители, а се проценува дека на Косово живеат околу 1,8 милион жители, објави агенцијата „Анадолија“.
Според статистичките податоци, најмногу жители недостасуваат на територијата на Србија – 722.335.
На просторот на Србија и на Војводина според пописот од 1991 година живееле 7.836.728 жители, а сега според процените на таа територија живеат 7.114.393 жители.
Словенија е државата што забележала пораст на населението и тоа за 100.268 жители, а благ пораст бележи и Македонија, и тоа за 35.208 лица.
Според податоците од пописот од 1991 година на територија на Македонија живееле 2.033.964 лица, а според податоците се проценува дека сега се 2.069.172 жители.
Симболичен пораст бележи и Црна Гора и тоа за 6.832 жители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top