| четврток, 6 декември 2018 |

Не сушете алишта во затворен простор, опасно е по здравјето

Сушењето алишта во затворен простор го зголемува нивото на влага во воздухот до 30 отсто, со што се создаваат идеални услови за развој на габични спори, особено аспергилус фумигатускои лесно се вдишуваат и се внесуваат во организмот.

Овие габи обично не се опсни за здрави луѓе, но, кај оние со нарушен имунитет може да предизвикаат белодробни инфекции.

Професорот Дејвид Денинг и лекарскиот тим во Манчестер велат дека во последните години сѐ повеќе луѓе се лекуваат од габични инфекции.

– Една тура од машина за перење облека, во себе има и до две литри вода, која следните часа ќе се ослободува во просторијата. Повеќето луѓе се имуни на овие габи или имаат доволно силен имунолошки систем да ги сузбие – истакнува Денинг.

Освен тоа, за здравјето на лицата во домот во кој се сушат алишта не е добро да вдишуваат влага во која се наоѓа хемикалии од прашокот и од омекнувачот, кои во мали количини остануваат и по перењето.

Најдобар начин е сушење надвор од просториите во кои престојуваат луѓето (во двор или на тераса), па дури и во зима додека температурата е над нулата. Добра алтренатива е машина за сушење облека.

Сушењето алишта надвор, особено во пролет и во лето, овозможува облеката да се исонча, а добро е познато дека ултравиолетовите зраци ги убиваат бактериите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top