Љубители на турската музика ја обвинија британската поп-ѕвезда Адел, дека една од песните на нејзиниот последен албум е крадена песна на познат курдски музичар.
Турските критичари на Адел велат дека деветтата песна во албумот „25“, насловена „Million Years Ago“, има неоспорна сличност со мелодијата на „Clinging to Pain“ на Ахмет Каја, снимена во 1985 година.
Пуштањето на песната предизвика бура од реакции на социјалните медиуми во Турција, на кои корисниците ја обвинуваат 27-годишната пејачка за кражба на меланхоличната мелодија на Каја, кој починал во егзил во Франција, пред 15 години.
Од третиот студиски албум на Адел се продадени милиони копии во Велика Британија и САД, поставувајќи рекорди и од двете страни на Атлантикот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.