Поп-пејачката Тамара Тодевска (29) во интервјуто за порталот story.rs открива како се чувствувала кога дознала дека ќе стане мајка.
„Многу се изненадив, но пријатно. Сакам деца и одвај чекав да ми се случи тоа. Ич не ми е криво и многу сум среќна. Малку ме загрижуваа работните обврски околу концертот, кои беа доста стресни, па се плашев да не се случи нешто не дај Боже, но настојувам да бидам смирена. Некако сè ми е таман и немам големи проблеми“, искрена е пејачката.
Тамара вели дека и нејзиниот сопруг Александар Димитровски Мачка (34) многу се израдувал, бидејќи и тој обожава деца и со нетрпение очекува да стане татко.
„На последниот преглед ни кажаа дека 99 отсто бебето е од женски пол. Би сакала покрај синот на Тијана, Вук, во семејството да имаме и девојче. Размислувам за имињата, но секој ден ја менувам одлуката. Тијана ми кажа дека ќе знам како ќе се вика бебето кога ќе го видам“, искрена е Тамара, која смени одредени навики поради фактот што за неколку месеци ќе стане мајка.
„Не сум тип што сака да седи дома и многу сакам да се забавувам. Излегувам, но не пијам алкохол, туку сокчиња, евентуално пиво затоа што ми кажаа дека витаминот Б е добар за бебето. Не седам дома, но сепак го сменив животниот стил. Повеќе ми се спие, но не размислувам многу за тоа затоа што имам многубројни обврски.“
Извор: story.rs
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.